Изминатава ноќ, Конор Мекгрегор и Дастин Порие по трет пат се бореа во УФЦ октагонот, а самиот натпревар донесе сè освен очекуваниот спектакл, бидејќи заврши во првата рунда, поради повреда на борецот од Ирска.
Да потсетиме, натпреварот беше прекинат откако Конор најверојатно ја скрши ногата.
Но, Ирецот не се смири кога ја загуби борбата и за прв пат во кариерата беше поразен двапати по ред од истиот ривал, кого продолжи да го провоцира, како и неговата сопруга. Тој продолжи да се однесува многу арогантно, исто како што се однесуваше на многу бурната заедничка конференција.
Меѓу оние кои го следеа мечот беше и Флојд Мејведер, кој имаше посебна причина за тоа. Човекот кој го победи Конор на боксерски натпревар во 2017 година, се обложи против Ирецот.
Легендарниот боксер објави фотографија на Твитер, на која се гледа дека тој вложил 50.000 долари на победа на Порие, што му донесе 35.000 нето-заработка.
„Ти благодарам за заработката“, напиша Мејведер, обележувајќи го Порие во објавата и тој одговори: „Нема на што“.
@dustinpoirier , thanks for getting me paid! pic.twitter.com/ky7OdNGWt4
— Floyd Mayweather (@FloydMayweather) July 11, 2021