Мекгрегор: Армијата мора да се активира во борба против коронавирусот!

од Vladimir Zorba

Поранешниот ММА шампион, Конор Мекгрегор ја повика Армијата на Ирска да помогне на полицијата во спроведувањето на мерките за заштита од коронавирусот.

– Ја повикувам нашата влада да ги искористи нашите одбранбени сили. Нашата војска беше спомената како можност да и помогне на нашата полиција, но само ако е потребно. Како и да е, потребно е – рече Мекгрегор.

Тој исто така најави дека ќе купи заштитна опрема во вредност од милиони евра за болниците во Ирска.

– Не смееме да ризикуваме. Нецелосното придржување кон новите мерки на кој било член на нашето општество не само што ќе биде исмејување на она што се обидуваме да го направиме, туку ќе ја доведе во опасност нашата голема нација – заклучи 31-годишниот борец во Даблин.

Слични содржини