МекГрегор губи спонзори поради осудата за сексуален напад

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Познатиот ирски ММА борец Конор МекГрегор (22-6) ја дочека пресудата дека е одговорен за сексуален напад врз Никита Ханд во хотел во Даблин во 2018 година, за што на жртвата ќе треба да и плати 248.000 евра.

Последицата од граѓанската тужба нема да биде само парична казна, бидејќи поранешниот шампион во две дивизии на УФЦ веќе губи спонзори.

Мек Грегор е основач и прв директор на брендот за виски „Proper Twelve“, кој е основан во 2018 година.

Набрзо на 36-годишниот му остана да биде само заштитно лице на брендот, но од вторник ја загуби и таа функција.

Бројни трговски синџири во Ирска ги тргнаа неговите производи од продажба, а компанијата „Proximo Spirits“, која е сопственик на брендот, одлучила да ја прекине соработката со МекГрегор, пренесува Irish Independent.

„Во иднина не планираме да го користиме името и ликот на господинот МекГрегор во промоцијата на брендот“, е дел од соопштението на „Proximo Spirits“ во кое потсетуваат дека тие се 100% сопственици на правата на името на брендот.

Не беше само „неговиот“ бренд што го остави „на цедило“, бидејќи данскиот програмер за видео игри „IO Interactive“ претходниот ден го отстрани неговиот лик од нивната најпопуларна серија – „Hitman“.

УФЦ не се огласи во оваа прилика, а не се огласи ниту Electronic Arts –(ЕА), продуцентот на најпознатата серија на видео игри ММА со ликот на Конор.

Неколку стотици граѓани маршираа низ Даблин во понеделникот во знак на поддршка на Никита Ханд.

Би-Би-Си јавува дека бројот на повици во центарот за силување во Даблин е двојно зголемен по пресудата, а МекГрегор најави жалба на одлуката на судот по консултација со својот правен тим.

Слични содржини