Конор Мекгрегор се појави пред Судот во Даблин каде му се суди за напад над Дезмонд Кио, кого го удрил во еден паб на 6 април при промоцијата на своето брендирано виски.
Кио тогаш одбил тура виски од Мекгрегор која понудил на цел паб, а на УФЦ борецот тоа не му се допаднало, па го удрил со бокс во вилица.
Безбедносните камери ја снимиле целата ситуација, па на Мекрегор не му преостана ништо друго туку да ја признае вината.
Неговите адвокати пред судот порачаа дека Мекгрегор ќе се изјасни за виновен пред судот и дека се извинил на жртвата која го прифатила извинувањето.
Во зависност од пресудата на Мекгрегор му се заканува казна од 1.500 евра или максимум шест месеци затворска казна, но заради признавање на вината се очекува судот да биде поблаг и да му изрече само парична казна.