МекГрегор обвинет за напад на жена на НБА натпревар

од Nikola Popovski
21 прегледи

ММА борецот Конор МекГрегор е предмет на нов скандал. Ирецот е обвинет за сексуален напад врз жена на натпревар во НБА лигата.

Во федералниот суд на Флорида беше поднесена тужба од анонимна жена, во која се тврди дека 36-годишната девојка ја нападнал на натпревар на кој Мајами Хит бил домаќин на Денвер Нагетс во финалето на плејофот во 2023 година.

Поранешниот шампион на УФЦ, наводно, ја однел дотичната во тоалет во ноќен клуб во близина на „Кејси Центар“ (салата на Мајами) и таму ја нападнал, објави американски „ТМЗ“.

Тимот од Флорида бил обвинет бидејќи нивното обезбедување не ја заштитиле девојката. Таа во тужбата истакнала дека безбедносниот персонал сигурно бил свесен за опасноста на МекГрегор, бидејќи тој, непосредно пред тоа, ја повредил маскотата на Мајами.

После тоа сепак му било дозволено да консумира алкохол, што според мислењето на нападнатата директно придонело таа да биде малтретирана.

Конор МекГрегор неодамна беше во центарот на вниманието за сличен случај, кога беше прогласен за виновен за друг случај на сексуално вознемирување во Ирска во ноември минатата година.

Слични содржини