Почетна / Магазин / Деликатеси / Меки и сочни: Јапонски палачинки

Меки и сочни: Јапонски палачинки

Состојки:

– 2 јајца
– 3/4 од шолја млеко
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 2/3 шолја брашно
– малку прашок за пециво
– 3 лажички шеќер

Подготовка:

Јајцата изматете ги пенесто заедно со млекото и ванилата. Во друг сад измешајте го брашното, прашокот за пециво и шеќерот, па додајте ги во течната смеса.

Оставете ја смесата за палачинки да отстои околу 15 минути.

Во големо тавче ставете малку масло и ставете го на среден оган. Ставете порција од тестото и чекајте додека не се појават меурчиња. Тогаш палачинката е подготвена за свртување.

Кога ќе се испржи и другата страна, палачинките послужете ги со сируп, овошје или путер.

loading...