Мексиканец фатен на „Богородица“ со фалц возачка

од Nikola Popovski
196 прегледи

Државјанин на Мексико бил приведен на ГП „Богородица“ поради тоа што покажал фалсификувана возачка дозвола. Настанот се случил утрово во 2 часот и 30 минути.

Според информациите на МВР, Мексиканецот В.Л.Х.Ц е на 40-годишна возраст.

-При извршена гранична проверка било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, додаваат од полицијата.

Слични содржини