Мексикански кандидат на локалните избори ја започна кампањата од ковчег

од Stefanija Kuzmanovska

Карлос Мајорга, мексикански кандидат на локалните избори, ја започна својата политичка кампања пред неколку дена од отворен ковчег, со што предупреди на стапката на насилство во градот Хуарез, што, поради комбинација на пандемијата и небрежноста на сегашната власти, стана „град на мртвите“.

Мајорга пристигнал на предизборниот митинг, што се одржа на мостот меѓу мексиканскиот пограничен град Хуарез и Ел Пасо, Тексас, во ковчег. Тој бил придружуван од неговите соработници облечени во заштитна медицинска опрема, а во рацете носеле букети цвеќе со цел да го свртат вниманието кон бројот на жртви на коронавирусот, кој надминува 200.000 во оваа земја.

„Одлучивме да ја започнеме нашата политичка кампања од ковчегот затоа што сакаме да им испратиме порака на политичарите дека луѓето умираат поради нивната рамнодушност“, рече Мајорга и додаде: „Истите политичари кои претходно молчеа поради високата стапка на организираниот криминал молчат и сега кога се соочени со хаотичната ситуација поради ковид “.

Градот Хуарез се наоѓа во северната држава Чивава на границата со Соединетите држави во округот во кој работи Мајорга и е еден од деловите на Мексико најпогодени од криминал.

 

Слични содржини