Мексиканскиот претседател повикува на референдум за намалување на корупцијата

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека е подготвен да организира референдум со цел да ги гони поранешните политички моќници.

Тој спомена дека се во прашање сите негови претходници и дека сите треба да бидат испрашувани доколку сториле незаконски дела. Одрадор рече дека системската корупција е присутна во земјата од 1988 година.

Поддржувачите и симпатизерите започнаа да собираат потписи за петиција за одржување референдум, а Обрадор рече дека доколку не успеат да соберат доволен број потписи, тој лично ќе го распише.

За да се одржи референдумот, потребно е да се соберат 2 милиони потписи.

Мексиканскиот претседател предложи датумот да биде 6 јуни 2021 година, кога ќе се одржат изборите за Конгресот, што ќе му помогне да го задржи мнозинството и да го направи референдумот успешен.

Излезноста во Мексико е традиционално мала, па референдумот ќе ја направи поголема.

Слични содржини