Мексиканскиот претседател тврди дека ќе се издаде нов налог за апсење на синот на Ел Чапо

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Претседателот на Мексико денеска соопшти дека неговата Влада не се откажува од апсењето на синот на познатиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман кога ќе се исполнат условите тоа да се направи безбедно.

Синот на Ел Чапо, Овидио Гузман, кусо беше приведен во четвртокот во северниот дел на Мексико, по што избувнаа насилни судири меѓу безбедносните сили и припадници на моќниот картел Синалоа, и тој беше ослободен.

Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека со одлуката да се ослободи Овидио Гузман се „спасиле животи“, но најави дека ќе биде издадена нов налог за апсење.

Еден од најмоќните светски наркобосови, 62-годишниот Ел Чапо, беше осуден на доживотен затвор плус 30 години дополнителна затворска казна.

Слични содржини