Мексико денес му понуди политички азил на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, откако британскиот суд ја одби неговата екстрадиција во САД, кои сакаат да му судат за шпионажа.
„Ќе побарам од Министерството за надворешни работи да ги преземе неопходните мерки и ќе ја замолам британската влада да го ослободи Асанж затоа што Мексико му нуди политички азил“, изјави денеска мексиканскиот претседател Андред Мануел Лопез Обрадор.
Британскиот суд денес ја отфрли екстрадицијата на Асанж во САД, како едно од образложенијата наведувајќи го неговото ментално здравје и ризикот од самоубиство.
Соединетите држави побараа екстрадиција на Асанж, кој се соочува со вкупно 18 точки од обвинението во САД, а доколку биде осуден за шпионажа и предавство со објавување на тајни државни документи, му се закануваат неколку децении затвор.
На 11 април 2019 година, основачот на Викиликс беше протеран од еквадорската амбасада во Лондон, каде се засолни во 2012 година, а британската полиција веднаш го уапси.