Мексико: Околу 20.000 луѓе протестираа против Трамп

од Vladimir Zorba
90 прегледи

 

Околу 20.000 луѓе протестираа по улиците на Мексико сити против претседателот на САД Доналд Трамп, пренесува БТА.

Учесниците во протестот во мексиканската престолнина побараа почит кон нивната земја и нејзините емигранти. Тие протестираа против плановите на Трамп да изгради ѕид на границата меѓу САД и Мексико и поради зголемувањето на депортациите на имигранти од САД.

Многу од учесниците во поворката носеа мексикански знамиња и беа облечени во бело во знак на единство и како симбол на неполитички карактер на протестниот марш. Демонстрантите носеа слогани како „Ти благодарам Трамп што го обедини Мексико!” и „ Ги сакаме Американците, го мразиме расизмот”.

Учесниците во акцијата изразија поддршка за Мексиканците кои живеат во САД.

Помали протестни маршови се одржаа и во други мексикански градови