239
Полицијата во мексиканската држава Дуранго уапсила лекар и уште две лица осомничени дека предизвикале епидемија на менингитис, која во последните месеци однесе животи на најмалку 35 жени, додека 79 лица се хоспитализирани со симптоми на инфекција.
Според обвинението, обвинетиот лекар, анестезиолог, дистрибуирал заразени, веќе користени лекови во четири приватни болници каде што работел, пренесува „Ројтерс“.
Уапсени се и две лица од државната здравствена агенција „Копризед“.