Мексико: Верски лидер осуден на 16 години затвор за силување деца

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Водачот на евангелистичката црква „Светлината на светот“ во Мексико, Насон Хоакин Гарсија е осуден на 16 години и осум месеци затвор за сексуално злоставување на три девојчиња во Калифорнија.

Гарсија (53) минатата недела се изјасни за виновен по две точки од обвинението.

Тој беше уапсен во Калифорнија во 2019 година за злосторства што ги извршил помеѓу 2015 и 2018 година, додека беше водач и самопрогласен апостол на црквата „Светлината на светот“, меѓународна верска организација со седиште во Гвадалахара, која тврди дека има пет милиони следбеници ширум светот, пренесува „Ројтерс“.

Тој постигна договор со обвинителството со признавање на силување на две малолетници и сексуална злоупотреба на 15-годишно дете, три дена пред да му се суди по 23 точки за сексуални престапи против деца, вклучително и повеќекратно силување, заговор за трговија со луѓе и детска порнографија.

Слични содржини