Нивната врска се соочи со голем број на негативни реакции заради огромната разлика во нивните години.
Но, 60-годишниот Мел Гибсон жестоко ја бранеше неговата љубов со 26-годишната Розалинд Рос, која е бремена со неговото 9-то дете.

Ѕвездата, зборувајќи за Розалинд со која е во врска веќе 2 години, неодамна за сајтот “The Mirror”, изјави:
“Во однос на возраста и врските, тоа е само број. Таа е возрасна и ние се разбираме еден со друг. Тоа би можело да предизвика проблем и некои луѓе се нервозни за овие нешта, меѓутоа супер ни оди. Таа навистина е посебна личност.”

Розалинд за првпат беше забележана со Гибсон во Јули и оттогаш тие двајца постојано се заедно, но нејзин близок пријател изјави дека таа има потешкотии со справување со негативното внимание околу нејзината врска и дека таа само “сака да продолжи понатака со нејзиниот живот”.