Австралиските тенисери Ник Кирјос и Танаси Кокинакис денеска го освоија трофејот на Австралија опен во конкуренција на двојки.
Откако Ешли Барти стана шампион во женска конкуренција, во Мелбурн се слави уште една титула.
Сите учесници во финалето во машки двојки се од оваа земја, а изненадувачки титулата ја понесе добро познатиот Ник Кирјос заедно со неговиот колега Танаси Кокинакис.
Тие двајца во финалето ги победија сонародниците Метју Абден и Макс Персел со 7:5, 6:4.
Кирјос и Кокинакис, кои добија специјална покана за учество на турнирот, направија по еден брејк во двата сета, што им беше доволно за победа по нешто повеќе од час и половина игра.
Our #AO2022 men's doubles champions know their way around a chest bump 💯@TKokkinakis x @NickKyrgios #AusOpen pic.twitter.com/UTFfqcjbKk
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 29, 2022