Мелничко-пекарска индустрија: Нема профит во изминатите 2 месеци, се плашиме од тотален колапс

од Nikola Popovski
338 прегледи

Мелничко-пекарската индустрија во изминатите 2 месеци нема профити, работиме на нула или во загуба, вели Горан Малишиќ од Групацијата Агроглобал, во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Тој информира дека ќе издржат како индустрија додека можат.

-И го објаснивме тоа на Владата. Во индустриска пекарница што произведува од 15.000 до 100.000 лебови дневно, загубите се од 30.000 до 350.000 евра во зависност од големината на компанијата. Таа може да издржи два, три месеци… После тоа што правиме? Енормни се загубите, појаснува Малишиќ.

Според него, мелничката индустрија ја поддржува мерката за замрзнување на цените на основните производи, но бараат поголема помош.

-Се плашам од тотален колапс на индустријата, оценува Малишиќ.

Слични содржини