Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Мелник повика на „десет пати поголема“ воена помош од Западот додека земјата се бори да се одбрани од руската инвазија, пренесе Хина.
„Ние сме им благодарни на нашите сојузници за нивната воена помош. Но, тоа не е доволно. На Украина и треба десет пати повеќе за да се спротивстави на руската агресија оваа година“, напиша на Твитер Мелник, поранешен украински амбасадор во Германија.
Мелник ги повика приврзаниците на Украина да ги „преминат сите вештачки црвени линии“ – упатување на неподготвеноста на некои сојузници да ја снабдат Украина со моќни системи за оружје – и да потрошат еден процент од бруто домашниот производ (БДП) на оружје за Украина.
Во случајот на Германија, најголемата европска економија, само тоа би било повеќе од 39 милијарди.
Но, еден украински дипломат рече дека износите се мали во споредба со потрошувачката на сојузниците за време на Втората светска војна.
Според Мелник, досега сојузниците и обезбедија на Украина вкупно 55 милијарди долари поддршка.