205
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска вети дека ќе им помогне на поплавените подрачја на северот на земјата, откако се врати од самитот на Г7 во Јапонија и изврши увид на терен за големината на штетите, пренесе „Ројтерс“.
Мелони го посети регионот Емилија Ромања, каде во неодамнешните поплави загинаа 14 лица, а причинета е штета од неколку милијарди евра.
„Тоа беше трагедија, но секогаш можеме да излеземе посилни од криза. Ќе ги најдеме потребните средства“, рече Мелони.