Мелони: Италија нема да испраќа војници во потенцијална мировна операција во Украина

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Италијанскиот премиер Џорџо Мелони изјави денеска дека ниту една италијанска воена единица нема да биде испратена во потенцијална мировна операција во Украина.

„Нема да има италијанско учество во потенцијална воена мировна операција во Украина“, рече Мелони за време на виртуелниот состанок за Украина, чиј домаќин беше британскиот премиер Кир Стармер, пренесе АНСА.

Таа потврди дека Италија има намера да продолжи да соработува со своите европски и западни партнери, како и со САД, со цел да се дефинираат веродостојни и ефективни безбедносни гаранции за Украина.

Слични содржини