214
Италија ќе заработи 20 милијарди евра од приватизација во следните три години, изјави денеска премиерот на земјата Џорџа Мелони во телевизиско интервју, пренесе АНСА.
Таа смета дека Италија може да продаде некои акции од јавните претпријатија без да ја загрози државната контрола врз компаниите.
Мелони најави делумна продажба на средствата на италијанските железници во наредниот период.