255
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска му кажала на израелскиот претседател Исак Херцог дека Италија е со народот на Израел, соопшти кабинетот на Мелони.
„Италија стои зад израелскиот народ во овој тежок момент и продолжува да работи на воспоставување траен мир“, му кажала Мелони на Херцог на маргините на климатскиот самит COP28, се наведува во соопштението, пренесено од АНСА.
Во него се додава дека таа ја изразила својата целосна солидарност со Израел по нападот од вчера во Ерусалим, за кој одговорноста ја презеде Хамас, а во кој животот го загубија четворица Израелци.