Мелони: Не се согласувам со Нетанјаху, палестинскиот народ има право на сопствена држава

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека не се согласува со ставот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Италија секогаш повторуваше дека палестинскиот народ има право на сопствена држава, која е независна и безбедна“, рече Мелони во италијанскиот парламент, пренесува АП.

Според неа, тоа е „праведно и неопходно решение“ кое е во интерес на двата народа.

„Поради оваа причина, не го делам ставот на израелскиот премиер“, истакна Мелони.

Сепак, таа додаде дека предуслов за тоа е палестинското признавање на правото на постоење на еврејска држава и правото на нејзините граѓани да живеат во мир и безбедност.

Одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да прифати палестинска држава во кое било повоено сценарио доведе до јаз со најблискиот сојузник на Израел, САД, кои велат дека војната мора да доведе до разговори за решение со две држави, наведе агенцијата.

Слични содржини