Мелони: Нема да дозволам Италија да стане „европски бегалски камп“

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Италијанскиот премиер Џорџa Мелони изјави во Њујорк дека нема да дозволи Италија да стане „европски бегалски камп“.

Мелони, којa присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации, рече дека зголемениот прилив на мигранти на островот Лампедуза ја стави Италија под „неодржлив притисок“.

Мелони ги отфрли критиките за меморандумот за разбирање што ЕУ го потпиша со Тунис за да ги спречи шверцерите на мигранти да ги користат туниските брегови за поаѓање на бродови преку Средоземното Море и нагласи дека договорот мора да се спроведе.

Слични содржини