Мелони оди на суд

од Симе Стоиков
219 прегледи

Италијанскиот суд побара од премиерката Џорџа Мелони да сведочи во јули во граѓански случај против двајца мажи, наводно вмешани во правење лажни порно видео со помош на нејзината слика користејќи вештачка интелигенција, а беа објавени на интернет.

Лажните снимки се направени во 2020 година, пред нејзиниот мандат, а премиерката бара отштета од таткото (73) и синот (40) за лажните порно снимки, кои биле поставени на американска порнографска веб-страница и биле прегледани неколку милиони пати , се наведува во обвинението а, пренесува Политико.

Мелони е побарано да сведочи на судењето на 2 јули во Сасарија, Сардинија, и бара „симболична“ сума од 100.000 евра за отштета, која ветила дека ќе ја донира во фонд за поддршка на жените кои се жртви на семејно насилство, откри нејзиниот авокат.

Тој додаде дека тужбата има за цел да „испрати порака до жените кои се жртви на овој вид злоупотреба на власта да не се плашат да поднесат тужба“.

Слични содржини