Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи во Италија од 13 до 15 јуни, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Самитот ќе се одржи во Борго Игнација, италијанско одморалиште во југоисточниот регион Пуља, објави Мелони на социјалните мрежи.
Групата седум индустриски најразвиени земји ја сочинуваат Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД и Канада.