Италија секогаш стои со Европа, а нејзината улога е да го брани единството на Западот, изјави денеска италијанската премиерка Џорџија Мелони.
Мелони ја критикуваше интерпретацијата на нејзиното интервју за „Фајненшл тајмс“, во кое, како што рече, погрешно било претставено дека застанала на страната на американскиот претседател против Европа.
„Реков дека секогаш сум со Италија, дека Италија е дел од Европа и нејзината улога е да го брани единството на Западот“, објасни Мелони.
Таа ги истакна несогласувањата во Италија, наведувајќи дека некои пратеници бараат крај на сојузот со САД, додека други сметаат дека Италија не треба да ги зголемува инвестициите во сопствената одбрана, пренесува АНСА.
„Секако дека има поделени мислења, но токму поради таа причина сметам дека не можеме да дејствуваме импулсивно, туку избалансирано“, заклучи Мелони, пренесува Танјуг.