Поранешниот пратеник и потпретседател на Собранието, Весел Мемеди, утрово сведочеше во Основниот кривичен суд во Скопје во предметот за организаторите на настаните од 27 април.
– Трајко Вељаноски во моментите на огромна тензија предност му даде на Зеќирија Ибрахими пред да ја пее албанската химна од говорницата, иако пред него за збор се јавиле двајца други пратеници.Прво Крсто Мукоски се пријави да говори процедурално и ја пееше македонската химна. Веднаш штом почна да ја пее, видов дека Џеват Адеми и Артан Груби, кои седеа пред мене, се пријавија за збор и видов дека пратеникот Зеќирија Ибрахими, десно од мене, се пријави после нив. Откако Мукоски заврши со химната, претседавачот Трајко Вељаноски му даде збор на Ибрахими, иако другите се пријавија први. Се сеќавам и дека Џеват реагираше зошто му дал збор на Ибрахими кога тој се пријавил прв“, рече Мемеди.
Според Мемеди, станувало збор за организирано сценарио бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предводени од Димитар Стевананџија инсистирале да се молчи додека Ибрахими ја пеел химната за таа да може подобро да се слушне помеѓу учесниците на протестите пред да влезат во Собранието.
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „тишина“. Димитар Стевананџија стана и им се обрати на колегите со „тишина, тишина“, изајви Мемеди