Мемеди изнесе бројни проблеми на Детската клиника: Руинирана кујна, нема притисок на вода, лифтови вон функција…

од Nikola Popovski
33 прегледи

Директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди денеска на прес-конференција информираше дека во кујната на Клиниката каде што се подготвува храната за бебињата и децата е во комлетна амортизирана состојба. Тврди дека инвентарот е постар од 20 години и тешко може да се оддржува по стандарди како што треба. Простории кои се руинирани.

Мемеди е дециден дека тоа е високоризично и поради тоа подготвил мерки и изготвил решенија.

Директорот на Детската клиника појаснува дека има проблеми и со пумпите за вода и речиси секојдневно имаат проблем со притисокот.

-Една од тие пумпи е хидрофор кој обезбедува висок притисок за хидрантите кои се по катови во случај на пожар. Тој хидрофор е надвор од употреба од 2018 година. Замислете ако денеска имаме пожар, ние немаме вода за гасење…Ова е висок ризик. Јас барам решенија, но немам време да се занимавам со истражувања, рече Мемеди пред новинарите.

Тој исто така се пожали и дека лифтовите се постари од 40 години и се во вон функција.

Слични содржини