Очекуваните мемоари на принцот Хари, Spare (Резерва), нема да сподели нови детали за кралското семејство со читателите, јавуваат британските медиуми.
Читателите на мемоарите Spare, кои Хари ги напиша со помош на писателот Џ.Р. Мохрингер, не треба да очекуваат дека истите ќе фрлат многу ново светло на војводата од Сасекс или неговиот живот, бидејќи не биле преправени по смртта на неговата баба, кралицата Елизабета Втора, пренесува Yahoo News UK.
Високи членови на палатата стравуваат дека книгата може да го наруши нивниот углед
Насловот на книгата која ќе се појави на полиците на 10 јануари, по документарниот филм за Нетфликс на Хари и Меган, е упатување на резервната позиција на Хари како брат на британскиот престолонаследник.
„Се надевам дека раскажувајќи ја мојата приказна – подемите и падовите, грешките, научените лекции – ќе помогнам да покажам дека без разлика од каде доаѓаме, имаме повеќе заедничко отколку што мислиме“, рече Хари претходно.
Иако некои медиуми тврдат дека Spare зазема тврд став кон кралското семејство, Yahoo е меѓу медиумите кои објавија дека тоа не е така.
Сепак, високи членови на палатата стравуваат дека книгата и какви било откритија во неа би можеле да нарушат „нечија репутација и нечии односи“, наведува Yahoo.