Мемов ги критикува ВЛЕН: Голема грешка е што го изиграа ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце

„ВМРО го знае тоа и премиерот јавно им кажа, ние чесно ве подржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо“, вели Мемов за поддршката за Ѓорѓиевски од страна на ВЛЕН

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Фејсбук

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов со остра критика кон коалицискиот партнер ВЛЕН поради речиси минималното зголемување на гласовите за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вториот круг од изборите.

„Вреди го изигра ВМРО ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка… ВМРО го знае тоа и премиерот јавно им кажа, ние чесно ве подржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо. Само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме“, стои во објавата на Мемов.

Ѓорѓиевски освои 95 572 гласови и се впиша меѓу првите луѓе на метрополата со најнизок резултат. Ако гласовите ги погледнеме според десетте општини кои го сочинуваат Град Скопје, тогаш Мециновиќ е победник во Центар, а најубедлива победа на Ѓорѓиевски има во Сарај.

За порастот на гласовите на контото на неговиот противкандидат и речиси минималниот пораст на неговите гласови во споредба со првиот круг, Ѓорѓиевски во неделата рече дека беше „логичко обединување на структурите во опозицијата“.

-Кога ќе направите споредба со гласовите на СДСМ и останатите партии од опозицијата, сега практично се фузирани на многу од избирачките места. Драго ми е што граѓаните ја препознаа нашата платформа и решија да изберат нешто што е докажано, кажа Ѓорѓиевски во изјава за медиумите.