Мемов го „разобличи“ Костовски: Цела деценија „цица“ од државниот буџет, нема направено ниту едно дело за граѓаните

„Мајка, вработена во ЈП Пазаришта, Тетка, вработена во Министерството за одбрана, кои во меѓувреме дочекаа пензија таму, Сопруга, вработена во Општина Куманово, потоа префрлена во Министерството за надворешни работи, Кумашини, кумови, пријатели, низ сите државни институции и јавни претпријатија. Кумот советник, жената на кумот во градинка, другарите – професори и директори, сопруги, тетки и браќа – сите згрижени преку врски. Цела фамилија на грбот на народот“

од Vladimir Zorba
582 прегледи Фото: ЗНАМ

„Денеска директно, без ракавици ќе зборуваме за човекот кој цела деценија „цица“ од државниот буџет, без грам доблест, нема направено ниту едно дело за граѓаните“, рече портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов на денешната прес конференцијата на Движењето.

Тој додаде дека ќе зборуваат за лажниот патриот, неуспешниот политичар и криминално-поврзаниот послушник на СДСМ, Мартин Костовски.

„Костовски објави Закон за употреба на јазиците без потпис од Претседателот на државата, што е директно кршење на Уставот и тешко кривично дело – Злосторничко здружување и напад врз уставниот поредок на државата.

Истиот тој човек ја легализираше капитулацијата на Македонија преку објавување на т.н. Преспански договор, повторно без потпис на претседателот и спротивно на законот.

Овој лажен патриот, гласен само кога треба да се продаде националниот интерес, молчи кога треба да се зборува за криминал, сиромаштија, невработеност и понижувањето на народот. Нема ни трага ни глас од некое негово дело за Куманово. Ниту една визија. Ниту еден успех.

Но, затоа има цела приватна армија од вработени роднини и пријатели платени од народни пари.
Ова не е политичар. Ова е кариера на еден политички паразитизам. Само штета. Само лаги. Само штитење на своето семејно и политичко гнездо“, рече Мемов.

Тој ја престави и „фамилијарната шема на Костовски“.

– Мајка, вработена во ЈП Пазаришта, Тетка, вработена во Министерството за одбрана, кои во меѓувреме дочекаа пензија таму, Сопруга, вработена во Општина Куманово, потоа префрлена во Министерството за надворешни работи, Кумашини, кумови, пријатели, низ сите државни институции и јавни претпријатија. Кумот советник, жената на кумот во градинка, другарите – професори и директори, сопруги, тетки и браќа – сите згрижени преку врски. Цела фамилија на грбот на народот. Ова беше владеењето на СДСМ во Куманово во минатото, приватна мафија на буџетски платен список. Систем во кој додека народот се мачеше, фамилијата им цветаше, посочи портпаролот на ЗНАМ, додавајќи дека „македонскиот народ не заслужува ликови како Мартин Костовски“.