Мемов од ЗНАМ ќе раководи со ПИОМ

од Nikola Popovski
296 прегледи

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов е назначен за нов директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ). Вака било одлучено на вчерашната владина седница.

Мемов е дипломиран инженер-технолог и на позицијата во ПИОМ доаѓа наместо Арсим Хасани од Алијанса за Албанците.

Тој во својата работна кариера бил генерален директор, на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на Министерствата за енонимија и правда.

Мемов вчера на прес-конференција се пофали дека во неговата партија ЗНАМ-За наша Македонија има голем интерес и наплив на нови членови. Според него, станува збор за високо стручни луѓе кои претходно биле ангажирани во политиката, членови на СДСМ, но и луѓе кои за првпат се членови на партија.

ЗНАМ веќе формирале општински организации во Аеродром, Велес, Штип, Кичево, Ресен, Берово, Демир Хисар…

Слични содржини