Менаџерот на Буфон: Црвена звезда не бараше

од Stefanija Kuzmanovska
449 прегледи

Менаџерот на славниот Џанлуиџи Буфон, Силвано Мартина откри како бившиот голман на Јувентус можел да заврши во Црвена звезда.

Буфон и Мартина имале неколку понуди, а меѓу нив била и онаа од „црвено-белите“,пишуваат српските медиуми.

Тој рече дека имало контакт пред две недели, но сепак голманот завршил во Парма, каде ја започна својата кариера на највисоко ниво.

„Идејата дојде пред две недели. Со оглед на неговата возраст, имав еден куп предлози, станува збор за шест или седум клуба. Меѓу нив имаше три бразилски клуба, понуди кои беа пријатни, но не можеа да бидат разгледани поради семејството. Потпишавме за Парма, бевме поканети од Црвена звезда. Враќајќи се од Рим, отидов кај него и тој ми рече дека минувајќи низ Парма почувствувал силни емоции, а потоа сфатил дека тоа е клубот што го посакува. Беше романтично“, изјави Мартина.

Слични содржини