Менаџерот на Јунајтед објасни зошто го извадил Роналдо (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Бесeн беше Кристијано Роналдо на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, кој го извади од теренот против Брентфорд во 71. минута, а тоа јасно го покажа во моментот кога му го отстапи местото на Хари Мегваер.

Португалецот му дофрли на Рангник и го праша зошто го извлекол, а Германецот по мечот објасни дека тоа е тактичка одлука.

– Морав да одлучам што е најдобро за тимот. Претходно бевме против Астон Вила 2:0 и примивме два гола, не сакав да се повтори истата грешка. Ги разбирам неговите амбиции, но можеби еден ден, кога ќе биде менаџер, ќе го стори истото во 75. минута – изјави Рангник и додаде:

– Роналдо се повреди, не играше недела и пол. Имавме играчи како Рашфорд или Марсијал на клупата, па зошто да не ги искористиме? Повторно би ја донел истата одлука. Најважно е да победиме.

Јунајтед поведе со 2:0 во моментот на излегувањето на Роналдо, а потоа Маркус Рашфорд погоди за 3:0, а домаќинот во финишот стигна до почесниот гол и конечни 1:3.