77-то доделување на Златните глобуси ќе се одржи на 6 јануари оваа година, а донесена е одлука за првпат менито да биде целосно без месо и да се служи само храна со растително потекло.
Организаторите се надеваат дека оваа одлука ќе ја покрене свесноста за одржување на здрава животна средина. Одлуката ја соопшти Лоренцо Сорија, кој е претседател на Холивудската прес-асоцијација за странство.
Церемонијата ќе се одржи во „Беверли Хилтон“ во Беверли хилс, Калифорнија. Најпрво имало несогласувања, но сега хотелот е сосема во ред со таа одлука. Наместо месо, ќе има поголем избор на храна со печурки, рижота и салати од прокељ и моркови. Како предјадење ќе се служи ладна супа од цвекло.
Златните глобуси повторно ќе ги води Рики Џервејс, истакнат активист за правата на животните, но не е познато дали неговиот активизам има какво и да е влијание врз одлуката.