Менкиноски добил десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, близок до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, до 2036 година. Тој вели дека во официјалниот документ што го добил, наводно пишувало декатој претставувал „закана за националната безбедност на Република Бугарија“

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Фејсбук

Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, близок до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, до 2036 година. Тој вели дека во официјалниот документ што го добил, наводно пишувало декатој претставувал „закана за националната безбедност на Република Бугарија“.

Менкиноски на прес-конференција изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и истакна оти обвинението е сериозно, но е донесено без конкретно образложение и без претходна правна постапка. Забраната му била врачена на 6 март на влез во Бугарија.

– При преминување на границата луѓето кои работеа таму не можеа никако да го поминат мојот пасош. Ме замолија да ја тргнам мојата кола на страна и притоа ми кажаа дека од Софија добиле известување со кое мора да ме задржат бидејќи треба да добијат некои документи. После половина час чекање на граница ми ги доставија овие документи, ми удрија црн печат на пасошот, вели адвокатот Менкиноски.