Mенструална црвена: Новата боја на „Pantone“ го сруши табуто

од Vladimir Zorba
154 прегледи

„Pantone“ лансираше нова црвена нијанса што треба да биде еден вид бунт против стигматизацијата на менструалниот циклус на жената.

Новата нијанса на „менструација“ е светло црвена и е направена како дел од кампањата што ги охрабрува луѓето да зборуваат поотворено за менструацијата.

„Pantone“, најголемиот систем за стандардизирање на боите и палетата на нијанси, се здружи со шведски производител на производи за хигиена за менструален циклус за заедничко започнување на кампањата „Seen + Heard“. Таа ги охрабрува луѓето да зборуваат за менструацијата затоа што и денес се гледа како на нешто невидливо и е табу или се третира како шега.

https://www.instagram.com/p/CFufykoAYqq/?utm_source=ig_web_copy_link

Лансирањето на новата „Pantone“ нијанса се случи откако на пазарот во Америка се појавија хигиенски производи наменети за „луѓе со менструација“. Ова предизвика големи полемики, а авторот на „Хари Потер“, Џ.К. Роулинг, во јуни го напиша текстот „Мислење: Создавање поголема постковид еднаквост за луѓето кои имаат менструација“.

„Луѓето кои имаат менструација. Сигурен сум дека има збор за тие луѓе. Може ли некој да ми помогне“, напиша таа во Твит, кој привлече повеќе од 10.000 коментари, во кои беше побарано извинување, но исто така и во која писателката беше нападната и навредена поради нејзиниот став.

Аргументот беше дека има транс-мажи и џендерквир што имаат менструација, а авторката е обвинета дека мрази транс луѓе и дека нејзините зборови предизвикуваат болка. Подоцна, таа се обиде да ја одбрани својата позиција во есеј во кој ги откри своите трауматски искуства од семејно насилство и сексуално злоставување.