МЕПСО формира работна група за да ги открие причините за прекинот на струја во Скопје

од Берта Китинска

По испадот во напонската мрежа што се случи на 13 февруари ( недела ) во 17,20 часот, АД МЕПСО информира дека е формирана работна група составена од стручни лица вработени во компанијата со единствена задача да ги лоцира причините за прекинот во снабдувањето со електрична енергиа поради кој неколку општини во Скопје, делови од Велес и овчеполието, 40-тина минути беа без напојување,соопштија од МЕПСО.
Оттсму информираат дека во неделата, до прекин со напојување на поголем дел од градот Скопје, дошло како резултат на исклучување на двата енергетски трансформатори во трансформаторската станица “Скопје 4”, како последица на дефект кој се појави на изолаторска верига на 110 kV далекувод кој ја напојува трафостаницата “Бунарџик” преку трансформаторската станица “Скопје 4”.

-Во оваа прилика појаснуваме дека во нормални услови кога настанува дефект на далекувод, за изолирање на настанатата грешка, заштитата и прекинувачот го исклучуваат далекуводот на кој се појавува дефектот, со што без напојување остануваат само потрошувачите кои се врзани на трафостаницата напојувана од конкретниот далекувод.Во неделата, во моментот на дефектот, поради грешка во секундарните кругови за напојување на опремата во ТС “Скопје 4”, се случи неселективност и за само 0.9 секунди проработија системските заштити во околните трафостаници на 110 kV напонско ниво а за 2,5 секунди се активираа заштитите на 400/110 kV трансформатори во ТС “Скопје 4”. На овој начин се дава налог до прекинувачите да ги исклучат двата енергетски 400/110kV трансформатори, преку кои се напојува најголем дел од Скопје и околината, информираат од компанијата.

Од МЕПСО велат дека во согласност со процедурата при дефектот, дежурните екипи веднаш извршиле проверки и прегледи во ТС “Скопје 4”, и во координација со Националниот Диспечерски центар при АД МЕПСО, започнале постапка за вклучување на елементите од мрежата.
-Со напорна работа тие успеаја за еден час да воспостават напонска состојба и да се нормализира напојувањето на градот и околонита.Паралено со активностите кои се вршеа во ТС “Скопје 4”, далекуводните екипи на АД МЕПСО до доцните ноќни часови работеа на отстранување на дефектот на далекуводот 145/1 ТС Скопје 4-ТС Бунарџик, со цел жителите на Бунарџик како и индиструската зона, да добијат напојување со електрична енергија. Во 03:35 часот, далекуводот 145/1 од ТС Скопје 4 до ТС Бунарџик беше поправен и вклучен под напон, со што се нормализираше напојувањето и на ТС Бунарџик.Она што и во оваа прилика сакаме да го потенцираме е дека технички проблеми на електромрежата од секаков тип можат да се случат секаде и во секој дел од денот и најважно во таквите моменти е што побрзо да се стабилизира системот а граѓаните и стопанството да бидат снабдени со електрична енергија. Работната група работи интензивно на терен и веднаш по добивањето на прелиминарните сознанија ќе ги споделиме со јавноста, соопштија од МЕПСО.

Слични содржини