МЕПСО нема добиено формална најава за промена на цената на струјата

од Nikola Popovski
218 прегледи

Директорот на АД МЕПСО, Орхан Мутрезани денеска информираше дека досега не добиле формална најава од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) дека ќе има промена на цената на електричната енергија од 1-ви јануари.

-Откако ќе добиеме формална најава дека ќе се врши промена на цената, МЕПСО ќе ги направи сите пресметки и навремено ќе ги достави до РКЕ. После најавата, ако пресметките покажуваат дека треба да се зголеми преносната тарифа на МЕПСО, секако дека ќе побараме, рече Муртезани.

Тој посочи дека МЕПСО нема никакви загуби или штети со вклучувањето на струјата на Железници.

Слични содржини