МЕПСО се соочува со кибер-напад

од Nikola Popovski
281 прегледи

Македонскиот електропреносен оператор, МЕПСО АД Скопје се соочува со кибер-напад. Од компанијата соопштуваат дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени. Велат дека критичната електроенегетска инфраструктура не е предмет на нападот, безбедна е и целосно функционална.

-Иако АД МЕПСО ги има преземено сите мерки за заштита од кибер-напади од највисок степен сепак деновиве се соочивме со инциденти од тој вид. Имајќи предвид дека основната дејност на АД МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем ја информираме јавноста дека критичната електроенергетска инфраструктура е безбедна, целосно функционална и не е предмет на овој кибер-напад. Тоа значи дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени, стои во соопштението.

Од МЕПСО додаваат дека инцидентот е пријавен кај сите надлежни институции согласно препораките и правилата за кибер-безбедност.

-Од страна на нашите стручни служби се преземени сите мерки за ублажување на ефектите од овој кибер-напад и во соработка со експерти од областа работат на нормализирање на секојдневната работа на компанијата, се наведува во соопштението.

Слични содржини