Мерц: Без прекин на огнот, почетокот на какви било преговори меѓу Украина и Русија не е можен

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес дека почетокот на какви било преговори меѓу Украина и Русија не е можен без прекин на огнот.

„Очекуваме Москва да се согласи на прекин на огнот сега. Ова е неопходен услов за почеток на вистински дијалог. Разговорите не можат да започнат сè додека оружјето не стивне“, напиша Мерц на платформата X.

Според него, руската страна сега покажува подготвеност за преговори, што е „добар прв чекор“, но додаде дека „тоа не е ни приближно доволно“.

Слични содржини