Според идниот канцелар на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц, нема место за Украина во НАТО и ЕУ се додека траат борбите и непријателството со Русија.
И покрај отрезнувачкиот став на Фридрих Мерц, нема потврда дека Украина или нејзиното раководство се откажале од членството.
„Украина е многу голема европска земја, но таа е европска земја во војна. Земја што е во војна не може да стане членка на НАТО или членка на Европската унија“, рече Мерц.
Дополнителен неуспех за Украина се случи во февруари кога Унгарија стави вето на почетокот на првата фаза од преговорите за пристапување на Украина во Европската унија.
Од друга страна, по унгарското вето, дипломати од Шведска, Финска, Данска, Летонија, Литванија и Естонија го повикаа Брисел да даде конкретни предлози за пристапниот процес на земјата.