Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да обезбеди итна помош за гладното цивилно население во Појасот Газа, соопшти канцеларијата на канцеларот Мерц.
За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери денес, германскиот канцелар изрази „длабока загриженост за катастрофалната хуманитарна ситуација“ во окупираната палестинска енклава, според соопштението на германската влада, објави „Тајмс оф Израел“.
„Канцеларот го повика премиерот (Бенјамин) Нетанјаху да направи сè што е во негова моќ за да постигне итен прекин на огнот. Тој исто така го повика веднаш да обезбеди итно потребна хуманитарна помош за гладното цивилно население во Појасот Газа. Оваа помош мора да се достави брзо, безбедно и во потребните количини до цивилното население“, се вели во соопштението на германската влада.