45
Германскиот канцелар Фридрих Мерц по разговорите со европските лидери и американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека постои шанса за мир во Украина.
Тој рече дека, заедно со лидерите на Франција, Полска и Велика Британија, се согласил со Трамп за 30-дневен мир во Украина, нарекувајќи го „добра заедничка дипломатска иницијатива“.
„Ова е добра иницијатива што доаѓа во вистинско време. Бидејќи оваа војна мора да престане. И мислам дека сега има мала шанса“, рече Мерц во интервју за „Тагешау“.