Мерц: Подготвен сум војната во Украина да трае долго

Изјавите на Мерц доаѓаат еден ден пред рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп за средба меѓу претседателите на Русија и Украина со цел да се отвори патот за мировни преговори, објави Ројтерс, потсетувајќи дека Трамп се закани со последици ако средбата не се одржи.

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека е подготвен војната во Украина да трае долго „со оглед на тоа што војните обично завршуваат со воен пораз или економска исцрпеност“, што, како што изјави, се сценарија што тој „не ги гледа на хоризонтот“.

„Се подготвувам оваа војна да трае долго. Се прават напори преку интензивни дипломатски иницијативи војната да се заврши што е можно поскоро, но тоа не може да биде по цена на капитулација на Украина, бидејќи тогаш Русија едноставно би го насочила своето внимание кон некоја друга земја“, изјави Мерц за германскиот јавен радиодифузен сервис ZDF.