104
Фридрих Мерц, кој најверојатно ќе биде новиот германски канцелар, денеска изјави дека е за трговија без царини меѓу САД и ЕУ и оцени дека 90-дневната пауза на царините што ја воведе американскиот претседател Доналд Трамп е доказ дека единствениот европски пристап има позитивен ефект.
„Европејците се решени да се бранат и овој пример покажува дека единството најмногу помага“, рече Мерц во интервју за ТВ мрежата RTL Direkt откако неговиот конзервативен блок склучи коалициски договор со социјалдемократите, објави Ројтерс.
Мерц повика сите да прифатат целосно укинување на царините за трансатлантската трговија и оцени дека со тоа ќе се реши проблемот.