Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека шансите за вистински мир во Украина сега се поблиску од кога било од почетокот на руската инвазија во 2022 година.
Тој на 8-миот германско-украински бизнис форум што се одржа денес во Берлин рече дека САД ѝ понудиле на Украина „значајни“ безбедносни гаранции.
„Она што САД го ставија на маса во Берлин во однос на правните и материјалните гаранции е навистина значајно“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по часови разговори со американските преговарачи.