122
Лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, денеска изјави дека е отворен за испорака на крстосувачки ракети Таурус во Украина и дека е против Украина да не и биде понудено членство во НАТО.
„Треба да ги извршиме овие испораки. Треба да бидеме подготвени, но само ако се договориме со нашите европски партнери“, рече Мерц на конференцијата за безбедност во Минхен, пренесе „Тагесшау“.
Германија сè уште не испорачала ниту една ракета Таурус во Киев бидејќи актуелниот канцелар Олаф Шолц одбил да го стори тоа.