Мерцедес и Саинц не можат да се договорат за времетраењето на договорот

од Vladimir Zorba
453 прегледи

Информациите кои се појавија во Италија дека Карлос Саинц и Мерцедес се договориле и Шпанецот од следната година ќе го замени Луис Хамилтон може да се покажат како избрзани. Според неколку независни извори, двете страни не можат да се договорат за рокот на договорот на Саинц.

Карлос го напушта Ферари на крајот од сезоната 2024 и сака подолгорочен договор, а Тото Волф се обидува да ги балансира опциите што ги има бидејќи Саинц е најдоброто краткорочно решение, но можеби не и долгорочно.

Несовпаѓањето доаѓа од други фактори кои Волф е принуден да ги земе предвид. Од една страна, тој сè уште чека одговор од опкружувањето на Макс Верстапен за тоа каква е идејата на светскиот шампион за неговата иднина и дали е навистина подготвен да го напушти Ред Бул, каде е борбата за моќ и скандалите околу Кристијан Хорнер почнуваат да создаваат непријатна атмосфера.

А алтернативата на тоа се чека да се видат резултатите од тестирањето и подготовката на Андреа Кими Антонели, кој со помош на Мерцедес започна сериозна подготовка за Формула 1, но 17-годишниот талент допрва треба да стекне искуство.

Слични содржини